Осум лица починале од грип за една недела

Осум лица починале од компликации од грип минатата недела во Македонија. Случаите се пријавени во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, а медиумите во овој период беа информирани само за двете деца со церебрална парализа. Останатите починати се повозрасни со хронични заболувања. Кај сите вирусот е лабораториски потврден.

-Пет од починатите се пријавени од ГОБ 8 септември, двајца се од Инфективната клиника, а еден случај е од Детската клиника, изјави д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Според епидемиолозите законската регулатива не предвидувала итно пријавување на смртните случаи, но сметаат дека државните институции треба да бидат информирани во рок од 24 часа за заболен или починат од заразно заболување.

-Сметам дека државните институции согласно законската регулатива пријава за заболен или умрен се доставува во рок од 24 часа, додаде д-р Кузмановска.

Годинава во Македонија од компликации од грип починаа 11 лица. Минатата недела регистрирани се над 2600 новозазарени, епидемиолозите очекуваат и наредниот период на неделно ниво сличен број на заболени.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password