Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија
Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик
и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија,
рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен
саем во Солун и истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се
македонскиот јазик и идентитет.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, претседателот на Нова демократија, одговарајќи
на новинарски прашања, уште еднаш повтори и потенцираше дека неговата партија нема да
гласа за ратификација на Договорот од Преспа дали во овој или во следниот парламент. Рече
дека за нив најголемиот проблем се македонскиот јазик и идентитетот и во случај договорот од
било кои причини да не биде ратификуван, тие како влада би започнале нови преговори,
нешто што самиот Мицотакис го најави вчера во неговиот говор, тогаш фокусот би бил на овие
две прашања