Мицкоски ги исклучи пратениците кои гласаа За

Се случи црн петок, најцрн. Имаше луѓе кои се бореа за, но и кои се бореа против. Народот не ја изневери државата туку Зоран Заев и неколкумина кои ја спроведуваат неговата идеја, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од партијата вечерва на вонреден состанок ан Ивршниот комитет исклучени се седумте членови кои гласаа „за“. Рече дека Заев избегал од избори но дека ќе го победи на следни избори, можни заедно со претседателските избори.

„Беше погазена волјата од две третини но и 8 пратеници од опозицијата кои тргнаа против волјата на народот. Ми беа пренесувани информации, ветувани ослободувања. Уцени имало, велат дека биле понудени пари и наместо собранието да биде храм на демократијата имаше киднапирана институцијата од Заав. Почит до тие кои одолеаја. Вие сте пример како се брани својот народ. Не сите издржаа. Денот се претвори во лов на пратеници. Осум пратеници без оглед што се опфатени од политичкиот прогон што им висат на глава сериозни обвиненија. Не можам да ги оправдам и не можам да ја разберам нивната постапка. Не одбираме кога и каде ќе живееме. Но одбираме како ќе живееме. Обврската према граѓаните е поважна од каков било притисок. Треба да се биде свесен дека има пратеници кои исто како тие што гласаа за беа опфатени од политички прогон и гласаа согласно партискиот став. Оние седум пратеници кои постапија спротивно на партискиот став и против волјата на граѓаните, а беше став на ИК и ЦК, ме разочараа мене. Но тоа не е важно. Ја разочараа татковината, партијата. Вечерва ИК одржа вонредна седница и едногласно веднаш беше донесена одлука за исклулување на овие седум пратеници, рече Мицкоски.

Тој со име и презиме ги посочи сите кои гласаа за и рече дека има пратеничка која на пример сите овие денови зборувала против, а сега гласала За. На прашањето дали ќе понесе одговорност, Мицкоски рече:

„Шверцерска власт. Самиот начин како беа носени, како беа изнесувани пратениците, дава одговор на прашањето. Не не потценувајте, рече Мицкоски.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password