Кој колку донирал во првиот дел од кампањите на претседателските кандидати ?

Според извештаите, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски досега има потрошено речиси половина милион евра, односно околу 480 илјади евра, Блерим Река 25 илјади евра, а Гордана Силјановска- Давкова пак досега за кампањата потрошила 167.400 евра.

Според деталните извештаи за изборната кампања на Пендаровски донирало само едно лице  – Павле Дукадиновски и тоа сума од 150 илјади денари. Десет лица донирале услуги во вредност од 2 до 6 илјади денари. Во изборната кампања се пласирани и 10 милиони денари приходи од членарина.

На неколку страни во документот е листата на донатори кои уплаќале за изборната кампања на кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Многу од донаторите давале по 20.000 до 30.000 денари но има и такви кои донирале по многу повеќе. На пример, Александар Николовски кој е потпретседател на партијата уплатил 180.000 денари, а Антонио Милошоски дал 150.000 денари. Донирале и Трајко Вељановски, Коце Трајановски, Ане Лешоска и други – сите над илјада евра.

Вкупните приходи за изборната кампања на кандидатот за претседател на Беса, Блерим Река изнесуваат околу 18 илјади евра. Според извештајот ниту едно лице не донирало пари за неговата кампања, а како донатори се јавуваат Беса и Алијанса за Албанците од Тетово.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password