Иванов: На 30 септември нема да излезам да гласам

Претседателот Ѓорге Иванов на 30-ти септември нема да излезе да гласа на референдумот. Иванов ова го сподели со дијаспората во САД, каде во Детроит е гостин на Обединетата Македонска Дијаспора. Македонскиот претседател вели дека и покрај пораките секојдневно што доаѓаат од  челните луѓе на меѓународните организазии, тој нема намера да го поддржи Преспанскиот договор.

-Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години, на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од оние кои го дадоа својот глас за Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Не отстапувам од таа моја одлука. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам.

Два пати ја добив довербата на граѓаните за да не дозволам промена на уставот со цел промена на уставното име, да не прифаќам идеи и предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Не отстапувам од тоа мое ветување. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам.

Кога ја преземав функцијата Претседател на Република Македонија, положив свечена изјава дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Не отстапувам од таа моја заклетва. Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам, вели претседателот Иванов.

Иванов смета дека договорот меѓу Македонија и ГРција е штетен и опасен сам оза македонските граѓаните, тој побара внимателност при носење на одлуката дали овој договор треба да се поддржи.

 

Сметам дека оваа спогодба е штетна и поразителна за Република Македонија. Прифаќањето на оваа спогодба ќе има несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ. Со оваа грчка спогодба не се јакне македонскиот идентитет, туку правно се укинува македонскиот народ. Не се потврдува, туку се менува македонскиот државен и институционален идентитет. Не се унапредуваат, туку се деградираат нашите стекнати права.

Член 3 од Спогодбата вели дека „Секоја од страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата страна.”
А токму со содржината на Спогодбата се негира сувереноста и политичката независност на Република Македонија бидејќи се дозволува мешање во нејзините внатрешни работи. Според спогодбата, последниот збор ќе го имаат грчките, а не македонските парламентарци. Со оваа спогодба, Република Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност спрема Република Грција.

Поради членството на Грција во ЕУ и НАТО постои дизбаланс на моќта и условеност на Македонија од страна на Грција. Со оваа асиметрична спогодба, вистината на доминантната страна станува доминантна вистина.

Веќе нема на има Македонски народен театар, Македонска Радио Телевизија, Македонска академија на науките и уметностите, па дури ни Македонска православна црква, вели Иванов

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password