Исклучените формираа пратеничка група, Канческа-Милевска ќе биде координаторка

Осумтемина опозициски пратеници, кои гласаа за пристапување кон уставни измени,  попладнево до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери доставиле известувања дека во иднина ќе настапуваат самостојно како независни пратеници и дека формираат нова пратеничка група.

Претседателот на Собранието, Џафери за МИА изјави дека добил поединечни известувања од овие пратеници дека во иднина во Парламентот ќе настапуваат самостојно како независни пратеници.

Во меѓувреме до собраниската архива официјално е доставен акт дека овие пратеници ќе формираат нова пратеничка група.

Плусинфо, претпладнево веќе објави дека според нашите извори, во името на новата пратеничка група на кратенката ВМРО-ДПМНЕ ќе се додаде некоја додавка што ќе ја одделува од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи од пратеникот Драган Данев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password