Дожд и грмежи до понеделник

Циклонската активност која што вчера ја зафати Македонија се очекува да трае до крајот на неделата, Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд, грмежи, и ветер на целата територија на државата.
Од понеделик се очекува стабилизација.
Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија. Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското има мало покачување на нивото, Преспанското пак е намалено,а Охридското е во рамки на августовскиот просек.
И покрај поројните врнежи, опасност од излевање на поголемите реки во земјата, нема смируваат од УХМР, но можно е слевање вода во градските урбани средини. Од секторот за природни непогоди при ДЗС велат дека поради најавените врнежи можно е излевање во населените подрачја, за што превентивно ги известиле и општините да ги исчистат на шахтите.
Дел од локалните медиуми објавија дека во Охрид има поплавени улици, а во Неготино освен поплавени улици имало и прекини во електро мрежата.
Во невремето кое вчера го зафати регионот наврнале над 30 литри на метар квадратен.
– Алармот за силни дождови останува на сила иако од понеделник не очекуваат денови со стабилно време, деновите што следат – тропските температури најверојатно ќе бидат на пауза.
Нестабилното време во регионот донесе поплави и во Хрватска и Црна Гора.
Невремето рушело покриви и дрвја. Нема повредени и настрадани граѓани но предизвикана е голема материјална штета.
Најпогоден е Славонски Брод и околината, според хрватските медиуми оштетена била и Железничката станица. Од невремето биле откорнати и кабли, па бил опожарен и покрив од куќа, а бил регистриран ветер од 49 километри на час.