Австриската полиција соопшти дека жртвата е повеќе пати избодена со нож во вратот и дека починала на лице место, а мотивот за ваквото грозоморно убиство дополнително се истражува.
Осомничениот е 36 годишен државјанин на Македонија. Од Македонија е и неговата веќе почината 32-годишна жена, која била мајка на две деца.
Децата на брачниот пар се на возраст од шест и десет години и тие не биле на местото кога се случило убиството. По трагедијата биле згрижени од институциите.
Осомничениот е уапсен и е пронајдено е оружјето со кое е извршено убиството.