Разбиена група: Како криумчареле мигранти преку Македонија до САД
До Јавното обвинителство поднесена е кривична пријава за девет лица – за седуммина за организирање и поттикнување трговија со луѓе и криумчарење мигранти, додека за двајца за помагање на групата.
Акцијата на МВР била во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при Амбасадата на САД во Скопје, Европол, Селек, како и полициите на Албанија, Австрија, Шпанија и Бугарија.
– Криминалистичката истрага се спроведуваше во изминатите 18 месеци. Криминалната група од Македонија беше идентификувана како дел од меѓународно организирана криминална мрежа составена од соработници од Албанија, Бугарија, Шпанија, Домениканска Република, Хондурас, Гватемала и Мексико. Членовите на оваа криминална група организирале криумчарење на повеќе групи илегални мигранти со потекло од Албанија и Македонија со крајна дестинација САД и Канада, рече Спасовски.