Нема вонреден конгрес, Мицкоски останува лидер

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со целосна поддршка за Христијан Мицкоски. На вечерашната седница на ЦК, едногласно е отфрлена потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата.

Исто така, на седницата која се уште е во тек, се очекува да бидат потврдени одлуките од состанок на Извршниот комитет на партијата од петокот, објавија дел од опозициските медиуми.

Централниот комитет е највисокиот одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса.

Седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ започна во 19 часот. Се уште нема најава кога ќе заврши.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password