Слаткото девојче од „Х-фактор“ се омажи на само 18 години

Дури и оние кои не ја следеа првата сезона на музичкото шоу „Х фактор“, се сеќаваат на Илма Карахмет која благодарение на нејзиниот вокал стана интернет сензација.

Веднаш по испаѓањето од ова музичко шоу, се случи скандал бидејќи на Фејсбук се појави статус во кој Илма распали по Емина Јаховиќ. Меѓутоа, Илма демантираше велејќи дека станува збор за лажен профил.

По пет години од музичкото шоу, веќе полнолетната Илма порасна во вистинска убавица, но и се омажи за нејзиниот партнер.

Таа и нејзиниот избраник го кажаа судбоносното „ДА“, во јули годинава, а на церемонија која се одржа во Сараево, Алекса Перовиќ од истото шоу и стана кум.

По неколку месеци Илма порасна во зрело девојче, а на нејзиниот Инстаграм профил објавува фотографии на која веќе е вистинска жена, погледнете.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password