Кацарска ги предупреди обвинетите за „27 април“ да не ги малтретираат сведоците

На почетокот на рочиштето за случувањата во Собранието
на Република Македонија на 27 април 2017 година претседателката на судечкиот совет
Добрила Кацарска ги предупреди сите обвинети да престанат да ги малтретираат сведоците и
да им се јавуваат и да бараат средби со нив. Судијката Кацарска предупреди дека тоа е
кривично дело и подлежи на санкции.
Во Судот сведочи Влатко Наумовски, кој на прашање од обвинителката Вилма Рускоска кажа
дека бил помошник командат во Единицата за брзо распоредување.
На прашање кој го правел оперативниот план на единицата за обезбедување на протестите,
рече дека тој се изготвувал секој ден во координација со штабот.
– Јас бев претходниот ден на работа и јас го изготвив планот, а распоредите за ангажираните
припадници ги прават раководителите на основните единици, рече сведокот.
Кажа дека барањата за ангажман за оперативната акција Платформа пристигнувале преку
оддел за специјални полициски операции, а во тоа време началник на одделот бил Митко
Пешев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password