Законот за амнестија потпишан и објавен во Службен весник – тече рокот за барања

Претседателот Ѓорѓе Иванов вчера го потпишал законот за аменстија по што веднаш бил објавен во Службен весник.. Со ова уште вчера почнал да тече рокот од 5 дена во кој обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април имаат право да поднесат барање за амнестија од судот..

Според овој закон, од кривично гонење се ослободуваат лица за кои постои сомнеж дека сториле кривично дело поврзано со настаните од 27-ми, но не и за:

-лица кои учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието

-оние кои сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност“

-лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила

-кои сториле насилство

-лица кои неовластено носеле оружје, и оние кои

-постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Адвокатите на дел од обвинетите во случајот „27 април“ велат дека со објавувањето на законот ќе поднесат и барање за амнестија за нивните клиенти..

„Со самото објавување на законот веднаш ќе поднесам барање за амнестија и за Горан Ангелов и за Иван Цветановски. Искрено, по то што го видов и го прочитав во законот, убеден сум дека ги опфаќа“, изјави Драган Пешевски, Адвокат.

За дел од бранителите, законот за амнестија не овозможува правна разврска на судскиот предметоТ.

„Она што е спорно за законот, имаше многу критики последниве денови. Дека законот не дава правни одговори туку е политичка одлука на партиите кои што се договориле помеѓу себе и ние вистинска правна завршница нема да имаме во овој предмет за жал“, изјави Ѕвонко Давидовиќ, Адвокат.

Според законот, кој ќе биде амнестиран ќе одлучи судот во рок од пет дена по приемот на барањето и по претходно добиено мислење од надлежен јавен обвинител.

Инаку судењето за 27 април е во завршница.. По изведувањето на дополнителните докази на одбраната, следуваат завршните зборови.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password