За посетата на Папата во Скопје се изработува посебна столица

Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов без оглед што во земјава за претходно се закажани и претседателските избори, пишува Фактор.

Впрочем Иванов ќе ја има честа во последните денови од својот втор мандат да го пречека и Папата. Од неговиот кабинет не откриваат многу детали за посетата.

„Папата пристигнува во Македонија на 7 мај, додека претседателот Иванов ќе работи во својот кабинет до 12 мај, кога е последниот негов работен ден. Иако вториот круг од претседателските избори е на 5 мај, тој останува во својот кабинет до 12 мај, кога треба да се изврши примопредавањето на функцијата. Тоа значи дека претседателот Иванов ќе го пречека гостинот – ни одговорија од кабинетот на шефот на државата.

Според информации на Фактор, Папата Франциск ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на Плоштадот. Таму се подготвува посебна сцена, а големиот гостин ќе седи на Столица која во Македонија се изработува само по тој повод. Столицата ќе биде достојна за неговата личност, но како што велат нашите извори, доста скромна.  Потоа таа ќе остане во Католичката црква во Скопје. За таму, посебно за доаѓањето се прават две нови скулптури, едната на Свети Антон, а другата на Мајка Тереза.

На сцената на Плоштадот има предвидени места за високите гости кои пристигнуваат директно од Ватикан, за верски лица од Македонија и посебен дел за државниот врв. Посетителите ќе бидат одвоени, но цело време ќе ја гледаат манифестицијата. Тие што ќе бидат во најтесниот круг најверојатно ќе треба да обезбедат и карти кои секако ќе бидат бесплатни, но се предвидени заради создавање ред на церемонијата.

Според наши информации, неколку десетици новинари од цел свет доаѓаат заедно со Папата.

Од Католичката црква од Скопје за Фактор велат дека овие денови ја очекуваат програмата на Папата Франциск и дека ќе има голем број на верници кои ќе присуствуваат на молитвената литургија.

„Свечената литургија е врвот на една посета на Папата, кој секогаш носи порака на мир во земјите кои ги посетува. Ние очекуваме голем број на верници од земјата и од странство. Имаме голем број на јавувања и верниците ќе допатуваат во Македонија организирано од сите страни, најмногу со автобуски превоз. Останува да ја разгледаме програмата, која ни ја испраќа Ватикан, а ние треба да помогнеме во реализацијата – ни изјавија од Католичката црква во Македонија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password