Врховен пресече: СЈО не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци

Специјалното јавно обвинителство понатаму нема да може да отвора нови истраги по 18-те истечени месеци за тоа што ги имаше по превземањето на прислушкуваните материјали, одлучи Врховен суд зад затворени врати донесувајќи такво правно мислење.

Мислењето е начелно и останува да се види како тоа ќе влијае врз иницијатавите кои се поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, односно за продолжувањето на рокот со кој СЈО ќе може да отвора нови случаи.

„Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка“, гласи образложувањето на Врховен суд.

Некои од истрагите се отворени и по истекот на овие 18 месеци, па затоа оваа иницијатива за ограничување на маневрот на СЈО ја поднесоа адвокатите на обвинетите пд тие случаи.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password