Скопје повторно меѓу најзагадените

Ова утро Македонците дишаат загаден воздух и се најдоа на листата четврти по ред граѓани во светот кои ја имаат таа „привилегија“.

Специјализираниот сајт „airvisual“ утрово Скопје го стави на четвртата позиција најзагадени градови.

Во последните два дена ПМ10 честичките достигнуваат нивоа на загаденост над дозволените граници, а мерките од надлежните по овој проблем се во мирување. На сила се само препораките.

Ние издвојуваме неколку клучни совети доколку живеете во метрополата а ќе ви помогнат да се спасите од канцерогениот воздух.

Граѓаните треба да користат заштитни маски доколку постои загадување два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на кубен метар за ПМ 10 честичките.

Но, европските регулативи за ПМ 10 честичките наложуваат дозволена максимална граница на концентрација од 50 микрограми на кубен метар.

Треба да се внимава при изборот на маската затоа што не сите маски штитат од ПМ честички, но и начинот на употреба на маската влијае на заштитата.

Според некои истражувања витамините од Б групата штитат од загаден воздух. Треба да се внесуваат антиоксиданси, овошје и зеленчук.

Tреба да се садат повеќе дрвја и жива ограда. Меѓу згради добро е да има жива ограда или цвеќе, додека на отворено дрвјата се ефективни.

Кога воздухот е загаден треба да се избегнува шетање, посебно на места кои се фреквентни и во шпицот од денот.

По ветер и дожд квалитетот на воздухот е многу подобар. Тогаш е добро да се направи прошетка.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password