Роберт О’Нил: Гласањето против ја носи државата во ќорсокак

Ако граѓаните гласаат за, прашањето за името ќе биде решено, односите со Грција, најважниот сосед во Македонија ќе се подобрат, а Македонија ќе може да ја игра улогата што треба да ја игра во европските прашања, вели во ексклузивно интервју за Наслов, поранешниот преговарач за името Роберт O Нил. Ако гласаат против, категоричен е О Нил, државата ќе има уште еден неопределен период на ќор-сокак. Во таков случај според него македонските пријатели од целиот свет нема да разберат зошто компромисот кој значеше и промена на позицијата од Грција и од Македонија е одбиен и дека меѓународната поддршка за позицијата на Македонија сигурно ќе биде ослабена.

„ Она што сега е предложено во Преспанскиот договор е, според мене, разумно решение за проблемот. Предложеното име е географски точно, ова е северна Македонија, а народот и понатаму ќе биде признаен како Македонец; но исто така признава дека има и луѓе во грчката провинција Македонија кои подеднакво се чувствуваат дека се Македонци.

Одлучувачка промена е промената на позицијата на Грција. Таа конечно прифати дека Република Македонија е дел од поголема Македонија, а нејзиниот народ се сметаат себеси за Македонци, а сега прифаќа дека државата треба да користи име што го вклучува описот, Македонија. Ако тоа се направи и Преспанскиот договор влезе во сила, Грција ќе го покрене своето противење за влез на Република Македонија во Европската унија и НАТО и Републиката ќе го преземе своето целосно и признато место во Европа и, се разбира, на балканскиот регион. Грчката влада оттаму се оддалечи од својата позиција во 1990-тите, со некои политички отстапки и поради критиките во Грција, вели поранешниот преговарач.

Според него уставни измени по промена на уставот бил епредвидени и во 1992 година, но дека она што сега е предложено е многу подобро за Македонија.

„Сега народот на Македонија мора да одлучи. Нема да гласам, но мојот силен став е дека усвојувањето на името на Северна Македонија е логично и чесно. Република Македонија беше прифатена како име за држава во Сојузна Република Југославија, но тоа не беше суверена држава. Сега кога Република Македонија е суверена држава и членка на Обединетите нации, името Северна Македонија има добра смисла. Член 4 од Повелбата на Обединетите нации не е релевантен овде. Република Македонија е веќе полноправна членка на Обединетите нации, сето тоа ќе се промени е името што Република Македонија го користи“, вели О Нил.

Тој смета дека ќе биде грешка ако се бојкотира референдумот затоа што, ккао што вели, се додека референдумот е вистинска консултација со желбата на луѓето, треба да се гласа, а со неизлегување се прави бесмислен гест.

 

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password