Рекордно ниска невработеност

Македонската економија пораснала за 3,7 проценти во последниот квартал лани, а во 2018 година вкупниот раст на Брутодомашниот производ (БДП) е 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во исто време невработеноста ја проби психолошката граница и дојде до ниво под 20 проценти, односно изнесува 19,4 проценти. Економскиот тим на Владата веднаш на прес конференција се пофали за постигнатите резултати.

„Трендот е позитивен. Знаеме што правиме, знаеме каде ја носиме економијата, она што го најавивме и се случува. Посветеноста, добро одмерените мерки ги даваат резултатите, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Тој дури им честиташе на сите кои допринеле за рст на градежништвото од 19,6 проценти. Рече дека оваа дејност се враќа на поранешното ниво и дека тоа се должи и на растот на капиталните инвестиции.

Според него намалувањето на невработеноста е доста позитивен сигнал. Само во 2018 година невработеноста с енамалила за 3,6 проценти или во апсолутни бројки, во таа година нови 26.600 луѓе биле вработени.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password