Економијата пораснала за 2,7 проценти во 2018 година

Брутодомашниот производ порасна со стапка од 3,7 проценти во последниот квартал од минатата година, а во текот на цела 2018 година остварен е раст  2,7 проценти.

Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 19,6 проценти, Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности  на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 14 проценти и  Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање;
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,9 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2018 година, номинално расте за 6,3 проценти, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password