Проекции на светска банка: Растот на македонската економија ќе забрза

Македонската економија оваа година ќе забележи раст од 2,9 отсто, наредната 3,2 отсто, а во 2021 година од 3,3 отсто, пишува во јануарскиот извештај на Светска банка за движењето на светската економија во следните неколку години.

Според извештајот на Банката, Македонија ќе ја заврши 2018 година со раст на економијата од 2,5 отсто, а тој е резултат на прекинувањето на продолжената политичка криза, со што се подобри и сигурноста на инвеститорите.

Растот за 2019 година е проектиран на 2,9 проценти, 3,3 отсто до 2021 година и тоа во 2020 3,2 % додека во 2021 година 3,3 %.

Македонската економија, во следните години, ќе расте побавно во споредба со земјите во регионот. Највисок раст во 2019 година во регионот ќе забележиКосово од 4,5 отсто, Албанија (3,6), Србија (3,5 отсто), Босна и Херцеговина (3,4 отсто), Бугарија (3,1), а Црна Гора и Хрватска ќе имаат раст од по 2,8 отсто.

Светската ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година и од 2,8 отсто во 2020 и 2021 година. Евро зоната годинава ќе забележи раст од 1,6 отсто додека во наредните две години ќе порасне за 1,5 и 1,3 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password