Пресуда за Јанкуловска за случајот „Тенк“

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.
Обвинителството, во завршниот збор на 3 октомври, побара Судот да ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службената должност и овластувања, како и да ги намири трошоците заедно со Поповски и Груевски во висина од 313 илјади денари.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор наведе дека од изнесените докази јасно се гледа дека Јанкулоска го поттикнала Поповски да набави блиндирано возило за МВР и тоа да му се даде на користење на премиерот Груевски.

– Обвинетата Јанкулоска е виновна за злоупотреба на службената должност, бидејќи таа била свесна за своето дело и го сакала спроведувањето. Предлагаме Судот да го земе како отежнувачка околност степенот на одговорност, а како олеснителна околност семејната
состојба, рече Фатиме.

Одбраната, во завршен збор, пак, рече дека во постапката било грубо нарушен принципот на еднаквост на оружјата, СЈО не ја докажало својата надлежност, како и дека Судот треба да донесе пресуда за дејство што наводно се случило пред шест години врз основа на докази што во најголем дел се прибавени со кршење на домашните и меѓународните права.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password