Од први јули стартува проектот за поврат на ДДВ на граѓаните

Меѓу 60 и 100 милиони евра годишно да добијат граѓаните со поврат на 15 отсто од ДДВ, очекува премиерот Зоран Заев.

– Ќе имаме одличен систем и зависно од процентот на успешност, толку повеќе ќе раснат и вкупните пари што ќе одат кај граѓаните, но и во буџетот – рече Заев.

Проектот ќе стартува од 1 јули и, како што рече Заев, битно ќе ја подобри наплатата на ДДВ кај која сега загубите се движат до 30 милиони евра.

Со воведувањето на повратот на ДДВ се очекува граѓаните сами да бидат контролори на трговците.

– Проектот е заснован на дигитализација со современ начин на наплата. Ќе игра телефонот со секој граѓанин буквално. Секој ќе може да се регистрира. Дури и детенце под 15 години ќе може да го направи тоа лесно – рече Заев.

За проектот се разговарало и синоќа на средбата на премиерот и претставниците на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Премиерот рече дека право на поврат ќе има секој кој ќе има над 15 години и важечка лична карта, но не откри повеќе детали.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password