НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Кој колку вработува?

На стотици наши сограѓани новата 2019 година ќе им почне на најдобар можен начин, ќе добијат вработување на државни јасли. Во последните денови од минатата година и првите од оваа, весниците се преплавени со огласи за вработување од јавни претпријатија, државни институции, агенции, установи и управи.

Последен пример е Јавното претпријатие за државни патишта, кое распиша оглас за вработување 84 инкасанти за наплата на патарина за плата од 19.760 денари. Во друг оглас за вработување на 16 лица, ЈП за државни патишта бара кандидати за советници и референти. Тоа се вкупно 100 вработувања.

Исто така, ЈП за државни патишта распиша оглас за вработување на 16 работници на определено време до 31.12. 2019 година. Се бараат кандидати за советници за контрола на сообраќај, референти во контрола на сообраќај и референти техничари. Платите во завиност од работното место се движат од 19.760 до 33.540 денари.

Министерството за транспорт и врска ќе вработи 40 луѓе. Се бараат раководители на одделенија, на сектори, помошници на раковорители, референти, помлади референти, советници… Најниската плата е 13.166 денари за позицијата помлад референ за документација, а највисоката 31.305 денари за помошник раководител на сектор за ЕУ. Според условите во конкурсот, 10 работни места се предвидени за Албанци, 3 за Турци, едно за Роми, а останатите за Македонци.

Управата за хидрометеоролошки работи објави оглас за вработување на 11 лица на определено време до крајот на годината. Се бараат кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија.

Министерството за надворешни работи бара 26 дипломати- приправници и помошно- стручни службеници

– Како што Министерството за надворешни работи веќе објави, водејќи се од начелата на меритократија, инклузивност и транспарентност, охрабруваме пријавување на што поголем број на кандидати кои ги исполнуваат условите за вработување, со цел извршување на објективна селекција на високо перспективни кадри, кои постепено ќе ги развиваат дипломатски вештини, придонесувајќи на тој начин кон успешна афирмација на Република Македонија- соопшти МНР.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во Казнено- поправниот дом Идризово во кој се бараат помлади соработници, виши соработници и референти. Платите во завиност од работното место се движат од 15.689 до 23.257 денари.

Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.

Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.

На овие вработувања, треба да се додадат и планираните заменици- директори во јавните претпријатија. Како што пресметаа неколку невладини организации, финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

– Од податоците кои се јавно достапни, во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор има и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален- се вели во нивната реакција.

Како и да е, приватниот сектор ветува дека вредно ќе работи за да обезбеди плата за нововработените административци.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password