НБРМ ја намали проекцијата за економски раст од 3,2 на 2,3%

Економскиот раст на земјава ќе биде 2,3 проценти, за разлика од очекувањата на Владата тој да изнесува 2,8 проценти – ова го покажува есенската ревизија на макроекономските проекции направена од НБРМ. Гувернерката Бежовска вели дека е намален политичкиот ризик, но дека закрепнувањето на економијата ќе биде следната година, за кога очекуваат забрзување на капиталните инвестиции.

Од Народна банка очекуваат најголемиот ефект врз растот на економијата да го домашната индустрија. Сепак, проекциите како што потенцираше Бежовска, зависат од тоа да има стабилна политичка клима во земјава, без политички кризи, и стабилно надворешно опкружување.

Во однос на растот на јавниот долг, Бежовска вели дека тој не е еден од ризиците за економијата, но и порача на Владата, да внимава на неговата одржливост. За идната година, НБРМ прогнозира раст на економијата од 3,5 проценти, додека за 2020 година од 3,8 проценти.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password