Макрон: Јас сум „За„ и силно верувам во Преспанскиот договор
Францускиот претседател Емануел Макрон преку видео
порака им се обрати на македонските граѓани во пресрет на референдумот. Во неа тој вели
дека договорот со Грција овозможува иднина за земјата и оти верува во мудроста на граѓаните.
– Дами и господа, драги пријатели, ќе Ви одземам малку од Вашето време за директно да ви се
обратам.
Веќе 25 години нашите две земји негуваат дипломатски односи. 25 години заедничко минато и
поврзани судбини меѓу нашите народи, чии корени се длабоко вкоренети низ вековите.
Во тој поглед, во последните години беа направени многу нешта, но на 17 јуни 2018 година се
направи голем исчекор.
Исчекорот беше направен со храброста на вашите лидери, меѓу Вашата земја и Грција, со кој
се стави крај на 27-годишниот спор.
Таа т.н. „Спогодба од Преспа“ од 17 јуни 2018 година, овозможува напредок и подготовка на
иднината. Референдумското прашање на 30 септември оваа година се однесува токму на таа
спогодба.