Сава осигурување донираше мерачи за брзина

Пет дигитални мерачи на брзина донираше Сава осигурување на градот Скопје.

Дигиталните мерачи на брзина се инструменти кои треба да одиграат превентивна улога во сообраќајот со тоа што ќе сигнализираат со која брзина се движи секој учесник со моторно возило, делувајќи како потсетник истата да ја прилагоди. Мерачите се поставени на локации во близина на пет средни училишта каде е утврдена голема фреквенција на возила, а со тоа и потреба од заштита на пешаците преку поставување дополнителна сигнализација освен постоечката. На овој начин, покриени се неколку зони од градот, и тоа кај: СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Марија Кири Склодовска“, СГГУГС „Здравко Цветковски“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

„Нашата мисија е давање поддршка на општеството преку одговорен однос кон околината во која живееме и работиме. Истите ќе бидат поставени на фреквентни локации близу училишта каде е засегната младата популација. Ние во Сава осигурување секако ќе ги продолжиме ангажирањата во општествено одговорни проекти и ќе ја покажуваме на дело нашата посветеност да го унапредуваме квалитетот на живеење во сопствената работна и животна средина, велат од Сава осигурување.

Од име на Сава осигурување како општествена одговорна компанија донацијата ја предаде Генералниот директор Петер Скварча. Присутен беше и градончаланикот на град Скопје Петре Шилегов.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password