Курц: И честитам на Македонија за имплементација на Преспанскиот договор

Ѝ честитам на Македонија за
историската одлука да продолжи со имплементација на Преспанскиот
договор, со што испрати сигнал на охрабрување не само за Македонија,
туку и за целиот регион, рече денеска австрискиот канцелар Себастијан
Курц, кој заедно со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја отвори
конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот
процес“ што се одржува во Будва.
На конференцијата присуствува македонска владина делегација
предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а вонеа е и министерот за економија Крешник Бектеши.
Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, ќе учествува на панелот
„Економска и европска перспектива на Балканот“ и ќе дебатира со други
високи политички претставници од земјите во регионот. Бектеши, пак,
утре, ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на
европските интеграции: економијата-генератор на севкупниот развој“,
заедно со другите економски министри од регионот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password