Граѓаните се повеќе купуваат дополнително здравствено осигурување

Концептот кој е значајно присутен во развиените земји, а веќе и во државите од регионот, полека зема замав и во Македонија. Граѓаните се повеќе се интересираат и купуваат полиси за дополнително приватно здравствено осигурување. Од Сава осигурување, осигурителната компанија која го нуди на домашниот пазар за Наслов велат дека интересот расте и дека е впечатливо оти за овој тип осигурување се заинтересирани најмногу граѓаните од 25 до 40 години. Премиите не се скапи, а цената зависи од возраста на клиентот и од спецификите и типот на осигурување кој се купува. Сава осигурување нуди опции од кои осигурениците може да избираат што всушност им е потребно, а не е покриено со Фондот за здравствено осигурување. Продуктите можат да се купат одвоено и во пакет.

„Нудиме, осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување  кое обезбедува покритие на трошоците за медицински услуги потребни за поставување на дијагноза, односно за лекување на новонастаната болест, состојба или повреда. Овој продукт покрива 21 специјалистичка област и опфаќа едноставни дијагностички анализи, амбулантни зафати, комплексни дијагностички постапки, хируршки зафати во дневна болница, болничко лекување, амбулантна рехабилитација и лекови. Осигурената сума за сите овие покритија е 10.000 евра годишно без франшиза, што значи дека Сава осигурување комплетно ги надоместува трошоците. Потоа, има осигурување на операции кое обезбедува покритие на трошоците за повеќе од 200 операции. Осигурената сума е 10.000 евра годишно без франшиза.

Третиот тип е осигурување на тешки болести кое на осигуреникот му овозможува брза исплата на загарантирана сума во случај на  прва дијагноза на рак, срцев удар или мозочен удар, а која што може да се движи до 10.000 евра. Нудиме и осигурување на стоматолошка асистенција кое за осигуреникот обезбедува организација и покривање на трошоци за стоматолошки услуги при итен случај, велат од Сава осигурување.

Оттаму велат дека висината на годишната премија се одредува според возраста на осигуреникот, а има и пакети за колективно и семејно осигурување. Тврдат дека пакетите имаат доста конкурентни цени и поволности при плаќање односно се нудат попусти, може да се плати и на рати. Инаку осигурениците кои се осигурале може да користат услуги во сите приватни болници, дијагностички центри, но и голем број поликлиники и лаборатории во земјава. Сава осигурување формирала и сопствен Асистентски центар.

„Имено, оваа служба ја презема комплетната организација на прегледите, лекувањето, операциите, односно за онаа осигурена медицинска услуга која што му е потребна на клиентот. Асистентскиот центар е достапен 24/7 на бројот 0800 80 000. Нашиот осигуреник едноставно се  јавува на телефон, доставува медицинска документација и со тоа се ослободува од стресот на закажување и организација на медицинските прегледи, бидејќи од тој миг целиот процес станува наша обврска. Освен организацијата на прегледите, наша грижа се и трошоците. Сава осигурување комуницира и комплетно ги плаќа трошоците директно на медицинската установа. Со тоа осигуреникот е целосно ослободен од грижите за плаќање, комплетирање на документација и евентуално барање за рефундирање на средства од осигурителната компанија, велат од Сава осигурување.

Иако и сега има нагорен тренд, се очекува овој тип осигурување значајно да порасне во следните три години.

 

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password