Колку е штетна хемикалијата што се излеа од Охис?

Целата течност која се излеа вчера во кругот на фабрката „Охис“ синоќа била собрана и сега се чекаат резултатите колкава била концентрацијата на хемикалии, велат од Државниот инспекторат за животна средина. Примероци од водата со која се миеле цистерните преку кои се пакувал метил акрилат мономер, биле однесени на испитувања во лабораторија на Министерството за внатрешни работи. При земањето на примероците учествувале и екипи за атомско-биолошко-хемиска одбрана на Армијата, бидејќи поседуваат специјална опрема кога е потребна асистенција во вакви случаи, објави сдк.мк.

„Овде не станува збор за излевање на хемикалијата тука на водата со која се миеле цистерните и затоа концентрацијата е многу помала. Исто така, не е загрозена животната средина бидејќи течноста се излеала во танкваната, а не во почвата. Танкаваната е еден вид заштита за вакви случаи. Точно е дека имаше непријатна миризба, но треба да ги почекаме резултатите да видиме колкава била концентарцијата на метил акрилат мономер“, вели Пејо Кировски, инспектор во Државниот инспекторат за животна средина.

Од Инспекторатот велат дека течноста е складирана во посебни буриња и обележана како опасен отпад кој треба да се извезе и уништи.

Постапката за чистење на хемикалиите во кругот на „Охис“ го врши фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го извезе отпадот во Швајцарија, каде ќе се врши негово уништување.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password