Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани

Од нас зависи дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум за Република Македонија во која ќе бидеме свои на своето или правно ќе се укинеме како народ и ќе дозволиме некој друг да ни го толкува минатото и да ни ја одзема иднината, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на посетата на македонската заедница во Њу Џерси.

„Сакам да бидам јасен. Конечната одговорност е на македонските граѓани. Бидејќи, каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме. Од нас зависи дали ќе ја сочуваме одлуката од првиот референдум за Република Македонија во која ќе бидеме свои на своето, во која нема да се воздржуваме да кажеме дека сме Македонци, дека нашите предци биле Македонци. Или, ќе се одлучи да се поништи одлуката од претходниот референдум од 8 септември 1991 година. Дали правно ќе се укинеме како народ и ќе дозволиме некој друг да ни го толкува минатото и да ни ја одзема иднината“, рече претседателот Иванов, кој во Сидер Гроув, Њу Џерси, ја посети Македонската православна црква „Св. Кирил и Методиј“.

Македонскиот претседател го повтори својот став дека нема да гласа на закажаниот референдум на 30 септември.

Претседателот Иванов од денеска во Њујорк го започнува учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации. Предвидено е претседателот Иванов да се обрати пред Генералното Собрание на ОН на 27 септември.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password