Граѓанските организации обвинуваат дека власта не сака да го реши загадувањето

Срамни се средствата издвоени од Владата во новата стратегија за чист воздух сметаат граѓанските активисти.  И до сега институциите располагале со истите пари но конкретни мерки за намалување на екстремното загадување нема. Од О2 обвинија нема политичка волја кај властите и заложбите се само декларативни. Инспекцискиот систем е нефункционален а институциите си ја префрлаат одговорноста редно време е да има казни и за надлежните и за загадувачите порачаа од О2.

„Мора да си понесат одговорност, до сега само морална одговорност сите имаат, мора да има и кривична … со малку пари и паметни решенијаи до сега беа истите пари а не видовме никакв паметни решенија. Мора да зајакне системот на казни Владата да покаже решеност…  Како ќе ги покриеме тие субвенции за греење колку ќе дадеме на 100, 200  и ќе речеме дека сме обезбедиле?! “

Од Зелен институт потенцираат дека е важно сите да се научат да користат јавен транспорт но за тоа  властите треба претходно да обезбедат поволни услови.

– Претседателката на НВО Зелен Институт, Наташа Амдију „Нашата математика вели дека тоа не кошта ниту една 15тинка од предложените мерки… “

Според државниот секретар во министерството за животна средина властите на хартија ја завршиле својата работа но проблем се инспекциските проверки на капацитетите.

Од градскиот инспекторат тврдат дека работат со малку луѓе. Раководителот смета дека со измена на регулативата и новиот закон за комунална полиција ќе се решат проблемите кои до сега ги имале околу ингеренциите.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password