Граѓаните се гушат, автобускиот превоз е бесплатен

Поради енормната и алармантна загаденост на воздухот од денеска автобускиот превоз во Скопје е бесплатен. Од ЈСП информираат дека превозот ќе биде слободен се до намалување на загадувањето.

„Ве информираме дека од денеска (20.01.2019.год) од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно.

Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.

Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидете известени“, се вели во известувањето од ЈСП.

Два последователни дена мерните станици ги превртуваат бројките на загаденост а ништо подобро не е ни денеска.

Токму ова ги кончено ги натера надлежните да ги активираат мерките за заштита од аерозагадување.

Битола , Тетово и Струмица се трите градови каде стапија на сила мерките поради среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.

На работодавците им се наложува да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години.

Тоа важи и за лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Се препорачува и да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. а спортски и слични натпревари и манифестации да не се прават на отворено. Во препораките од Владата стои и дека Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство треба да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Меѓудругото се налага и до 50% намалување на употребата на службените возила и ограничување на работите на градежните објекти.

По овие препораки, јавноста со критики дека реакцијата е задоцнета а мерките треба да важат за повеќе градови.

Премногу загадено е и во Скопје а мерните станици го надминуваат прагот на аерозагадување и во главниот град.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password