Германија го одобри приемот на Македонија во НАТО

Германија го одобри приемот на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот за пристапување како 30-та земја-членка на Алијансата да заврши што побргу, објави германската влада.

Со тоа Германија е втората земја која потврдува дека ќе го потпише Протоколот во Брисел следната недела, откако тоа вчера го потврди и Бугарија.

„Приклучувањето на Македонија во НАТО е важно за безбедноста во евроатлантскиот простор и важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан. Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“, се вели во соопштението на германската влада.

Од таму додаваат дека Македонија се покажала како мошне конструктивна во процесот на мирот и стабилноста во Западен Балкан, но исто така и го консолидирала во сопствените редови, како и правната држава и демократијата. Се оценува дека макаедонската Влада исто така покажува посветеност кон задолжителните реформи кои трансатлантската заедница ги бара од земјата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password