Доаѓа невообичаено топол бран во државава, температури до 25 степени

До крајот на денов ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, времето ќе биде претежно сончево и свежо.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе има значително затоплување на времето па така во следните денови температурите ќе бидат натрпосечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност.

Во недела доцна попладне и навчер особено на југоисток ќе има услови за слаб локален дожд.

Ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој ќе засилува на интензитет.

НАПОМЕНА: Температурите во текот на следните дсенови ќе бидат дури за околу 10тина степени повисоки од нормалните.

Подготви: Славчо Попоски

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password