Деркоски: Излезноста до 15 часот е 22,56 проценти
Излезноста на референдумот денеска до 15 часот е 22, 56 проценти, соопшти попладневно претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски.
Тој прочита излезеност и по општини, но процентите не надминуваат 30 отсто.
Соопшти дека има мали приговори и дека најчесто граѓаните се жалат дека ги нема во избирачкиот список.