Анета Бар: Во Инекс Олгица поставуваме највисоки стандарди на квалитетна услуга

Хотелско угостителските услуги да ги пласираме на врвно ниво со цел да ги задоволуваме побарувањата и очекувањата на нашите гости. Целта е Хотел Инекс  Олгица да претставува место на средби, работни успеси, пријатни дружења и свечни моменти, вели во разговор за Наслов, Анета Бар главен менаџер на Хотел Инекс Олгица. Додава дека идеологијата на нивната визија е да продолжат да ги применуваат и да поставуваат највисоки стандарди на квалитетна услуга, но и да го одржат угледот кој го имаат стекнато кај гостите, партнерите, конкуренцијата и пошироката заедница.

Хотел Инекс олгица останува најмодерен комплекс на охридското крабрејже, се издвојува по својата услуга но по местоположбата. Како ја закрожувате оваа година од работењето?

Хотел Инекс Олгица бележи успешна работна година. Во 2019 година менаџерскиот тим и останатиот стручен хотелски кадар  имаа можност и чест да пречекаат и угостат многу познати домашни и светски имиња од најразлични области.

Со каква стратегија влегувате во следната година? На што ќе бидете фокусирани во идниот период?

Нашата стратегија се базира на партнерство со гостите, така што нивното задоволство го ставаме на прво место. Максимално сме посветени да ги оправдаме очекувањата на нашите гости со давање на квалитетна услуга. Исто така посветуваме внимание и на вработените. Прифаќаме нови знаења и технологии кои пак се услов за напредок. Затоа стратегијата ја базираме и на едукација и обука на сите вработени и ја истакнуваме важноста за големата потреба од комуникација помеѓу секторите. Ја поддржуваме тимската работа, личната одговорност и иницијативата на секој вработен.

Во Македонија има раст на бројот на туристи, статистички, но какви се нивните очекувања, кои се начините на кои треба да се прилагодуваат домашните капацитети?

Навистина, за среќа бројот на туристи годинава бележи пораст согласно статистичките податоци на државно ниво . Постојат повеќе фактори кои влијаат на тоа.

 Каков е развојот на хотелската индустрија во земјава? Какви се трендовите?

За развој на хотелската индустрија во нашата земја оставаме простор да се изјаснат експерти од туристичката фела. Сметаме дека недостасува стратегија за развој на туризам која одамна требаше да биде достапна во нашиот сектор.

Што вие им нудите на своите клиенти?

Нудиме соби со висок квалитет, комплетно опремен Велнес и Спа центар, впрочем и самата местоположба на хотелот на чини привилегирани бидејќи имаме спој на зеленило од борова шума и синило од прекрасното Охридско Езеро.

Веќе една сезона како дел од комплексот функционира спа центарот. Каков е интересот?

Изградбата на Спа центарот е полн погодок. Интересот за користење на услугите во овој дел е голем. Тука посебно сакам да истакнам дека фитнес центарот и спа содржините  покрај тоа што ги користат нашите гости, голем е и интересот од  надворешни посетители кои се рекреираат и одмараат. Работи и школа за пливање, каде најмладите и сите оние кои сеуште не ги имаат совладано пливачките вештини можат да го направат тоа. Го посетуваат и цели спортски тимови за подготовки. А исто така не е мал бројот на гости кои уживаат во масажите кои ги изведуваат стручни лица.

 

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password