Зошто треба да имате секс секој ден?

Дали се соочувате со стрес? Дали имате проблем со спиењето? Изгледа дека голем дел од ваквите проблеми меѓу другото се предизвикани и од нередовниот секс.

Ова се причините зошто треба да имате секс секој ден.

Сексот го намалува стресот

Ако имате долг ден на работа и се чувствувате уморни и  напнато, тогаш сексот е најдобриот начин да го намалите нивото на стрес. За време на сексот, нашите тела лачат допамин, ендорфини и окситоцин кои заедно го победуваат стресот и го зголемуваат чувството на среќа.

Сексот е активност во која секогаш можете да уживате

За многу луѓе, вежбањето е напорна работа која мораат да ја прават постојано. Но, сексот е нешто во што секогаш можете да уживате. За време на сексот, човековото тело доживува физиолошки промени кои се слични на редовното вежбање. Дишењето е забрзано, се трошат калории.

Сексот го подобрува имунолошкиот систем

Истражувачите на универзитетот Вилкс во Пенсилванија утврдиле дека оние студенти кои истакнале дека имаат секс барем два пати во текот на неделата имале повисоки нивоа на одредени антитела, за разлика од оние кои немале секс. За време на сексот, антигените како имуноглобинот А се лачат, што е докажано дека помага против грипот  и настинките.

Сексот го намалува крвниот притисок и го штити срцето

Дури и само кога е набрзинка, сексот придонесува за значајно намалување на крвниот притисок. Тоа го докажуваат различни истражувања. Исто така, со оглед на тоа дека во тек на сексот се трошат калории, тоа го подобрува здравјето на срцето.

Сексот ја намалува болката

Доколку имате болка или мигрена, сексот има моќ да помогне дури и повеќе од мигрените. Според специјалистите за артритис, сексот е подобар лек од било која таблета, која докторите можаат да ја препишат.

Сексот придонесува за подобар сон

Исто како и вежбањето, сексот опушта и придонесува за поспаност, а со тоа и подобар сон. По оргазмот, во телото се лачи хормонот пролактин, кој е одговорен за чувството на одмореност и поспаност по сексот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password