Fly Dubai во Македонија со двојно поскапи понуди од оние во Бугарија

Летните понуди со попусти на истекот од летото што авиокомпанијата Fly Dubai ги нуди за повратни билети до далечните егзотични дестинации се најскапи во Македонија во споредба со соседството.

Цената за летови со попусти и до 20 отсто е 322 евра за лет до локации како Коломбо, Салала, Дубаи и Занзибар. Истовремено за истите дестинации цената што треба да се плати во Бугарија е 161 евро, односно точно двојно помалку. Во Србија повратен билет до истите дестинации е 288 евра, според понудата на авиокомпанијата.

– Кој вели дека летото е завршено? Продолжи го својот летен одмор со попусти на цените во овој период и до 20 отсто за едни од најсончевите дестинации: Коломбо, Занзибар, Салала и Дубаи. Роковите и условите се во тек – пишува на фејсбук-страната на Fly Dubai.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password