Холивуд во шок, Бен Афлек се бори со зависноста од алкохол

46 годишниот актер Бен Афлек  го прекина молкот и се огласи на Инстаграм за неговата борба со зависноста од алкохол.

„Оваа недела одбележав 40 дена во центарот за лекување од зависност од алкохол и останувам под нега надвор од болницата. Поддршката што ја добив од семејството, колегите и фановите ми значи повеќе од што можам да искажам со зборови. Ми даде сила да разговарам за својата болест со другите“, напиша Афлек. Тој објаснува дека битката со која било зависност е доживотна и тешка борба.

 

 

„Тоа е обврска со полно работно време. Се борам поради себе и своето семејство. Толку многу луѓе преку социјалните мрежи зборуваа за своите патувања низ зависноста. Сакам да им се заблагодарам. Вашата сила ме инспирира и ме поддржува на начини за кои мислев дека не се можни“, напиша актерот.

Оскаровецот замина на рехабилитација на 22 август. На тоа го наговори неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер  кога ги видела неговите фотографии со сандак полн со алкохол.

Афлек беше на рехабилитација и во 2001 година, а и во 2017 кога во март објави дека успешно го завршил лекувањето.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password