Црна лимонада за чистење на организмот

Со самото тоа што оваа лимонада е црна ја прави посебна и поразлична од било кој друг домашен пијалок, оние кои ја пиат пак тврдат дека прави чуда за човековиот организам, затоа што го чисти од токсини и помага во намалувањето на маснотиите.

 

Состојки за црна лимонада:

4 чаши филтрирана или флаширана вода

1/4 шолја свеж сок од лимон

1/4 лажици активен јаглен (една таблета)

 

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ако имате желба за посилен вкус, додајте повеќе лимон. Пијалакот се служи ладен.

 

Зошто црната лимонада е совршена за вас?

Главната состојка е токму онаа поради која оваа лимонада се нарекува чудотворна. Станува збор за активниот јаглен што нема вкус, но многу е здрав, бидејќи има способност да ги исфрли сите штетни состојки од телото, на тој начин ја намалува подуеноста. Исто така експертите го нагласуваат и фактот што активниот јаглен има неверојатна моќ при намалувањето на холестеролот. Тој исто така е одличен и за подмладување на кожата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password