На Лазиќ му откажале бубрезите и едно белодробно крило
Здравствената состојба на Дарко Лазиќ кој настрада во сообраќајка и кој се наоѓа во кома се влошила, објавија српските медиуми.
Имено, како што пренесува Новости, на пеачот му октажале бубрезите и едно белодробно крило. Меѓутоа докторот од болницата КБЦ Земун за Курир изјавил дека такви работи се случуваат во ситуацијата во која се наоѓа Лазиќ.
„Ја следиме ситуацијата. И понатаму е исто. Има мали поместувања, но тука сме да ја контролираме ситуацијата, рекол докторот.
Пријателот и менаџер на Лазиќ, Милјан Врачевиќ изјавил дека моментно се зависи од ситуацијата на неговиот организам.
„Сега се зависи од тоа како ќе успее сам да се избори. Многу е важно да не дојде до внатрешно крварење, рекол Врачевиќ.