Се укинува паушалот за парно

Регулаторна комисија за енергетика денеска на седница конечно ќе решава за паушалот со кои исклучените граѓани од мрежата на парно-греење мораа да плаќаат месечен надоместок за БЕГ поради цевките кои минуваат низ нивните домови.

Дојче Веле дознава дека денеска по ова прашање треба да се дискутира на подготвителна седница за укинување на одредбата во членот 52, став 2, од старите Правила за снабдување со топлинска енергија со кој се брише фиксниот надоместок за ангажирана моќност.

Воедно треба да се воведе постапка на кој начин во иднина би можеле да се исклучуваат потрошувачите од мрежата.

– Претставници од Регулаторна комисија за енергетика рекоа дека конечно од први април проблемот со паушалот за топлинска енергија ќе биде решен во полза на граѓаните. Значи од први април во новите правила за снабдување со топлинска енергија ќе нема обврска за негово плаќање. Но мора да истакнам дека овие правила сѐ уште ги немаме видено и дека истите тие треба да се објават до крајот на месецов – вели Марјан Ненов од здружението „Но пасаран“ за Нова Македонија.Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија до крајот на март треба да ги донесе правилата за снабдување со топлинска енергија, во кои ќе бидат уредени односите меѓу снабдувачот со топлинска енергија, потрошувачите и дистрибутерот.

Станува збор за 20-тина илјади вакви домаќинства, а Владата со ова ветување излезе уште на почетокот на 2017-та.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password