Прва владина седница годинава: Над 200 милиони евра за патишта
Денеска Владата ја усвои информацијата за Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019-та година. Според истата, Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе потроши средства за инвестиции во вкупна вредност од над 13 милијарди денари, од кои речиси 3 милијарди се сопствени средства на претпријатието.
Ова е одлучено денеска на првата седница на Владата годинава.