Нема заинтересирани домаќинства сами да купуваат струја

Една од законските измени кои стапуваат во сила од 1 јануари годинава е и можноста на домаќинствата и малите претпријатија да излезат на слободниот пазар на електрична енергија, но засега нема заинтересирани затоа што никој не доставил понуда до нив.

Од осумте активни трговци ниту еден не понуди пакет за да ги привлече граѓаните, а од Регулаторната комисија велат дека ова е очекувано затоа што струјата на слободниот пазар е многу поскапа од онаа што во моментов ја трошат.

Малите потрошувачи кои користат индустриска струја се повлекуваат од слободниот пазар и се враќаат кај јавниот регулиран снабдувач затоа што во моментов на меѓународните берзи струјата е поскапа.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password