ММФ за годинава прогнозира раст на македонската економија од 3,2 отсто

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми проекцијата за растот на македонската економија за годинава на 3,2 отсто. Во најновиот извештај тие ја ревидираат нивната првична проекција за стапка на раст од 3 отсто, на 3,2 проценти.
За следната година ММФ предвидува раст од 3,4 отсто, а до 2024 година очекува раст на економијата од 3,5 отсто.

Од земјите во регионот најголем раст се прогнозира во Косово од 4,2 отсто.
ММФ ја намали прогнозата за растот на светската економија на три отсто, што е 0,2 процентни поени пониска од последната априлска прогноза.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска и гувернерката на Народна Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД. Предвидено е состаноците со високите претставници на финансиските организации да се разговара за монетарната политика, економскиот развој и економските показатели коишто ги следи централната банка, како и на состојбите во банкарскиот сектор кај нас.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password