К-15 ќе легне на сметкитe на граѓаните до крајот на годината
Приватниот сектор очекува и годинава к-15. Според законот на вработените им следува годишне регрес за годишен одмор попознат како К-15, во износ од минимални 9.610 денари.
Низ годините оваа обврска е проследена со низ злоупотреби од страна на работодавците.
Неодамна од Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ од Штип за Фактор посочија дека со исплатата на К-15 се прават многу манипулации, а работниците пријавуваат дури oткако ќе дадат отказ, во спротивно молчат.
Од „Гласен Текстилец“ објаснуваат дека работодавачите до 31-ви декември пуштија К-15, но на работничките кои користеле породилно отсуство за 2017-та, во неколку фирми им кажале дека не им следува.
Согласно движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари (40 отсто од износот на просечната нето плата во последните три месеци) до 14.090 денари (40 отсто од износот на просечната бруто плата во последните три месеци).
За кандидатот да добие К-15 треба да има работено најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач а казните кои може да ги удрат по џеб фирмите достигнуваат и до 4000 евра.