ЕВРОТО СЛАВИ 20 ГОДИНИ: Каква е неговата иднина

Eврото на 1 јануари 2019 ќе наполни дваесет години во текот на кои преживеа голема криза и трајно се вметна на финансиските пазари и во европските паричници.

Но без потесна интеграција на еврозоната судено му е да остане гигант на климави нозе, предупредуваат аналитичарите, пренесува АлЏезеира Балканс.

„Роден“ на 1 јануари 1999 година, еврото на почетокот постоеше само како виртуелна валута која се користи во сметководствени и финансиски трансакции.

Физичка реалност стана три години подоцна, а банкнотите на еврото денес ги користат повеќе од 340 милиони луѓе во деветнаесет европски држави.

Валутата веднаш не ја засакаа и многумина нејзиното воведување го доживеаа како непосакувано зголемување на цените. Во Германија дури го доби и името „тевро“ по германскиот збор за скапо.

Но луѓето брзо ги освои лесното патување и бизнис преку граници вез валутни флуктуации.

Еврото денес е популарно како никогаш досега и покрај големиот број на евроскептични, популистични движења во низа држави.

Испитување на јавното мислење направено во ноември за Европската централна банка покажало дека 74 посто од граѓаните на еврозоната сметаат дека еврото било добро за ЕУ, а 64 проценти дека било добро за нивната држава.

-„Еврото се вкорени во населението, дури и антиестаблиштменските партии тоа мора да го признаат“ – рекол Николас Верон, научник од Брисел и Питерсовиот институт за меѓународна економија од Вашингтон.

Еврото сега е втора светска валута, иако уште не може да ја доведе во прашање доминацијата на американскиот долар.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password