Еколози предупредуваат: На реките на Балканот им се заканува уништување поради бројни хидроелектрани
На подрачјето на Југоисточна Европа, од Словенија до
Грција, се планира изградба на повеќе од 3.000 нови хидроелектрани, а реализацијата на тие
проекти ќе има катастрофални последици по животната средина, бидејќи со тоа ќе се уништи
„синото срце“ на европскиот континент, предупредија денеска во Сараево учесниците на
собирот под име Прв европски самит за реките.
Собирот го организираше еколошкото друштво Ривер Вач од Виена, германската подружница
на ЕуроНатур и босанскохерецеговската невладина организација Центар за животна средина,
чие седиште е во Бања Лука. Конференцијата во Сараево собра повеќе од 200 учесници,
воглавно припадници на разни еколошки здруженија, кои ги обедини проценката дека е
потребно да се спречи изградбата на 3.000 нови хидроелектрани и брани на Балканот.