Утврдени трошоците за отуѓување на државното градежно земјиште
Десет отсто од вредноста на
банкарската гаранција за сериозност на понудата, но не повеќе од 15.000
денари ќе изнесува висината на трошоците за отуѓување, давање под
закуп и засновање право на стварна службеност на градежното земјиште
сопственост на Република Македонија, предвидува новата уредба што ја
усвои Владата на денешната седница.
Владата го донесе новиот текст на Уредбата по предлог на Министерството
за транспорт и врски.
На седницата помина и Информацијата за потребата од фазно
финансирање и реализирање на изградбата и инсталацијата на
електронскиот систем за наплата на патарини во Република Македонија.
Владата ја усвои и Информацијата за Акцискиот план за Регионалната
економска област и за формирање координативно тело за градење испроведување на Регионалната економска област во Западен Балкан.