ТЕ-ТО: Ниту еден доверител не е оштетен

ТЕ-ТО АД Скопје работи согласно законите, ги почитуваме сите одлуки на надлежните институции и постапуваме по нив. Сите други тврдења се обид за искривување на вистината и обид за манипулација со фактичката состојба, велат од ТЕ-ТО откако денеска Топлификација објави дека стечајот е направен незаконски и се оштетени доверителите.

„ТЕ-ТО АД Скопје ја изнесе пред надлежните институции целокупната документација и фактичка состојба и истата, согласно законите, беше прифатена, бидејќи аргументите беа евидентни. Една од засегнатите страни, во јавноста постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту се поткрепени со докази.Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители. Со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство, стои во реакцијата.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password